Кое ДНО: Грујо ги понижува, а овие упорно му ги чешаат ташаците: Техничкиот премиер и лидерите на „привезок“ партиите 40 минути го чекаа Пастирот на средба

0
504

Техничкиот премиер задолжен за изборите, Емил Димитриев, министерот за надворешни работи, Никола Попоски, министерот за финансии, Зоран Ставрески, и лидерите на околу 30 партии членки на коалицијата За подобра Македонија, денеска 40 минути го чекаа претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, за да може да почне средбата што беше најавена за 12 часот во Порта „Македонија“, пренесува „Мета“.

На средбата присуствуваат и претседателот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски, претседателот на Сојузот на Ромите на Македонија, Амди Бајрам, и Иван Стоилковиќ, претседател на Демократската партија на Србите во Македонија.

Пред средбата никој од лидерите на политичките партии не сакаше да даде изјава за медиумите.

Сепак, според неофицијални информации, се дознава дека претседателите на партиите ќе ја поздрават одлуката за распишување избори на 5 јуни.

До неодамна во коалицијата За подобра Македонија партиципираа и лидерите на ДС и на ДОМ, Павле Трајанов и Лилјана Поповска, но поради политичката криза во Македонија, тие ја напуштија владејачката коалиција.