Кога треба да се оди на стоматолог

0
1039

Во зависност од состојбата на забите и на непцата, од стоматолошките проблеми во минатото и од животните навики, потребите за одење на стоматолог се индивидуални. Но еве кога прегледот е неопходен:

Болка во заб или гингивитис

Крварење од непцата при миење на забите

Повлекување на непцата

Засилена осетливост на забите и непцата

Црвени, отечени и болни непца

Упорен непријатен здив или вкус во устата

Клатење или ротирање на забите

Доколку забот е значително оштетен или избиен, поради некоја незгода, веднаш обратете се на стоматолог. Во рамките на половина час има шанси забот да се зачува. Исто така, секој чир, раничка или испакнатина на слузокожата, кои не поминуваат во рок од две недели, може да бидат знак за сериозно заболување и треба што е можно побрзо да ги види стоматолог.