Кога Мијалков, Камчев и Керим муабетат во Сушико им сметаат и чалгии од соседната кафана?!

0
1444

На тројката блиски пријатели, екс разузнавачот Сашо Мијалков, провладиниот олигарх Орце Камчев и извршниот директор на МПМ, Срѓан Керим им сметала гласната музика, чалгии, завчера кога муабетеле во ресторанот Сушико, сопственост на Камчев, тврдат за Либертас, очевидци кои биле таму.

112

Додека муабетеле во Сушико, од соседното кафуле „Да си поседам“ свиреле чалгии и келнерот дошол кај газдата на кафулето со порака „На шефот му сметаат чалгиите, стишете ги“.

Пораката, според изворот на Либертас, не ја послушал газдата Кокан и чалгиите продолжиле. Но, тука, велат нашите извори, не завршил обидот од моќната тројка, да воведат ред, односно да биде по нивно. Следната интервенција била наводно од обезбедувањето на олигархот Камчев, кои побарале од газдата на кафулето „Да си поседам“ чалгиите да бидат стишани. Газдата не прифатил и наводно бурно реагирал, на раб дури и да стане повеќе од вербална расправија меѓу него и обезбедувачите.

На крај чалгиите си отсвириле, а тројката во Сушико сепак морала да се помири, муабетот да им биде со гласна музика.

Утредента, вели нашот извор, стасала казната – инспекција за газда Коко, оти не бил послушен.

Инаку кафанџиите од соседството на Сушико, тврдат дека Камчев секогаш кога седел во неговиот ресторан, диригирал каква и колку гласна да биде музиката и на другите кафулиња.

За информацијата за кавгата околу чалгиите Либертас не успеа да безбеди коментар и од тројцата – Мијалков, Камчев и Керим.