КОВАЧКИ : 800 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ЗЕМЈОДЕЛИЕТО, ПОДДРШКА ЗА МЛАДИТЕ, ЗЕМЈОДЕЛЦИ И РЕШАВАЊЕ НА ПРОБЛЕМОТ СО ОТКУПОТ СО ВЛАДАТА НА ВМРО-ДПМНЕ, ЗАТОА ПОТРЕБНА Е МАСОВНА ИЗЛЕЗНОСТ НА 24 АПРИЛ И 8 МАЈ

0
96

Прес-конференција на Драган Ковачки, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и носител на Изборна единица 3

Почитувани,

Општина Зрновци се развива, планираме во наредниот период во мандат на ВМРО-ДПМНЕ да инвестираме дополнителни милион евра за потребите на граѓаните од општина Зрновци.

Исто така 800 милиони евра ќе бидат директна помош за земјоделците во цела Македонија, тоа значи дека ќе го решаваме откупот на земјоделските производи, но и водоснабдувањето кој е еден од најголемите проблеми во овој крај.

Дополнително 5.000 млади лица земјоделци, кои што одлучиле да останат во Македонија ќе добијат дополнителни бонус поени при апликациите за добивање на државно земјоделско земјиште.

Меѓутоа за сето ова да се случи потребни се промени, промените може да се случат само со масовна излезност и поддршка за Гордана Силјановска Давкова на 24 април,  потоа и на 8 мај за Христијан Мицкоски за премиер на Македонија.