КОВАЧКИ : СО ПЛАТФОРМАТА 1198 СЕ ОБВРЗУВАМЕ НА 1 МИЛИОН ЕВРА ЗА ПРОЕКТИ ВО ЗРНОВЦИ ЗА НОВ ЗЕЛЕН ПАЗАР, ИЗГРАДБА НА БРАНА НА МОРОШКА РЕКА И РЕЗЕРВОАР ЗА ВОДОСНАБДУВАЊЕ ВО ВИДОВИШТЕ

0
60

Прес-конференција на Драган Ковачки, носител на изборна единица 3

Почитувани,

И покрај опструкциите од централната власт со која се соочува нашиот градоначалник во општина Зрновци, продолжуваат да се реализираат проектите.

Со Платформата 1198 за општините предвидуваме 250 милиони евра од кои 1 милион ќе се слеат директно во општината Зрновци за нов зелен пазар, за изградба на брана на Морошка река. И секако изградба на резервоарот кај Видовиште.

Почитувани граѓани,

После промената на власта следува инвестициски бум во општините. Затоа ве повикувам сите заеднички да се сплотиме и обединиме на 8 мај да го заокружиме бројо 2 за промени и реформи во Република Македонија.