Случајот во Собрание во кој пратениците од Левица, Борис Крмов и Димитар Апасиев ги фрлаа листовите на кои беа напишани мандатите е дефокус и сценарио режирано од Талат Џафери и Димитар Апасиев, рече Драган Ковачки, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ на вечерашното гостување во емисијата За или против што се емитува на телевизија Алфа.
Според него ваков настан кога во процес е донесување на нов деловник, кога стариот беше погазуван од Џафери и пратениците од СДСМ, а новиот е препорака од меѓународната заедница очигледно е дека се сака да се направи дефокус од денешната тема избори. Ковачки посочи дека настанот беше да се дефокусира денешната изјава на Димитар Ковачевски за тоа изборите и парламентарни и претседателски се одржат заедно, односно тема да биде скандалот.
Пратеникот укажа дека Апасиев размислува само како да нанесе штета на опозицијата и да го разбие членството.
„Апасиев го штити Ковачевски за да не се зборува за избори тој прави скандал“, рече Ковачки.