КОВАЧКИ : ПОЛКОВНИЦИ И ГЕНЕРАЛИ СЕКСУАЛНО МАЛТРЕТИРАЛЕ ОФИЦЕРКИ И ИМ ВЕТУВАЛЕ УНАПРЕДУВАЊЕ

0
479
Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки обвини дека во АРМ има сериозни случаи на злоупотреба на службената положба. Тој праша дали ќе има одговорност за високи офицери и генерали, кои, како што рече, сексуално малтретирале офицерки и војници, ветувајќи им унапредување и школување во Воената Академија.

– За ова се дознало случајно, во текот на истрага за примање мито а за кое министерката негираше. Трагајќи по телефонот на уапсено лице за земање мито се пронајдени слики и снимки со кои се потврдува злоупотребата на службена позиција на генерал и полковник и за истото е информирана министерката Петровска. За истото е информиран и врховниот командат Пендаровски зато што исти офицери се или можат да бидат под негова надлежост – праша Ковачки.

Петровска одговори дека министерка не смее да се меша во истрагата.– Во секторот за воена безбедност и разузнавање има записи и сите информации дали за овој случај или за други, јас сум ги пријавила. Ниту водам истрага, ниту имам законско право. Додека не бидам известена од органи кои треба да ме известат, јас како министер нема да преземам ништо. Има презумпција на невиност. И друг пат не бегајте од судските рочишта за клевета – му рече Петровска на Ковачки.