Thursday, May 22, 2025
11.8 C
Skopje

КОВАЧКИ : МАКЕДОНИЈА Е ПРЕД НОВ ПОЧЕТОК И МОЖНОСТ ЗА НАПРЕДОК И РАЗВОЈ, СЛЕДИ ЦЕЛОСНА ТРАНСФОРМАЦИЈА, РЕСЕТИРАЊЕ НА СИСТЕМОТ И ВЛАДЕЕЊЕ НА ПРАВОТО

Македонија е пред нов почеток, пред нова можност за напредок и за развој. Убедливата победа на ВМРО-ДПМНЕ на изборите не значи само промена на досегашната неспособно и неодговорна на влада на ДУИ и СДСМ, проследени со бројни криминални скандали и афери, туку значи комплетно нов начин на управување, целосно ресетирање на системот и конечно воспоставување на правната држава и владеењето на правото, вели пратеникот и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки во својот говор во македонското Собрание на седницата за избор на идната влада.

Посочи дека единствен начин за целосна трансформација на Македонија е носење на одговорни политики, стратегии и законски решенија кои ќе одговорат на потребите на граѓаните.

„Изминативе седум години имавме целосно уништен систем, крахирана економија, сиромашни граѓани, криминал и корупција. Довербата на граѓаните од еден до два проценти во правосудните органи е на ниво на статистичка грешка и затоа добиваме потврда од сите релевантни меѓународни истражувања и организации кој во своите извештаи нотираа дека Македонија назадува на секое поле и кои јасно и недвосмислено укажаа дека во Македонија има епидемија на корупција. И дека една од главните причини поради кои се кочи напредокот на Македонија на патот кон Европската Унија е токму високото ниво на корупција“, рече Ковачки.

Тој додаде дека е време конечно Македонија да стане правна држава во која законот ќе важи подеднакво за сите, каде што ќе нема селективност од хиерархиски највисокиот до најнискиот во институцијата, а не како до сега, каде наместо за скандалите  да одговараат оние кои беа директни покровители, односно владините функционери да одговараат пред лицето на правдата, одговараа најниските во хиерархијата.

„Денеска стоиме исправени и сме горди на својот народ кој го препозна моментот за запирање на тонењето на  Македонија. Изборот на новата Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ и од премиерот Христијан Мицкоски е многу важен за демократските процеси во нашата држава кои во изминатите години во владеење на ДУИ и СДСМ, беа газени преку честото кршење на деловникот“, додаде Ковачки.

Со изборот на новата Влада на Македонија се создава нови можности за исчекор и обиди за фаќање приклучок со цивилизираниот свет, посочи Ковачки.

ОВАА НЕДЕЛА

ФИЦО ЗАПЛИВА ВО ДУНАВ ПО ШПЕКУЛАЦИИТЕ ЗА НЕГОВОТО ЗДРАВЈЕ

Словачкиот премиер Роберт Фицо објави фотографија на која плива...

ПОЧИНА НИКОЛЧЕ ЗДРАВЕСКИ, ФУДБАЛСКА ЛЕГЕНДА НА ПРИЛЕПСКА ПОБЕДА

На 54-годишна возраст почина легендата на прилепска Победа и...

ИРМ БАРА ОБЈАСНУВАЊЕ ОД ЕВН КОЈ И КАКО ЈА ПРЕСМЕТУВА СТРУЈАТА

Ве известуваме дека упативме Барање за доставување на податоци...

БОЖИНОВСКА: НОВИОТ ЗАКОН ЗА ЕНЕРГЕТИКА НОСИ ПРИДОБИВКИ ЗА ГРАЃАНИТЕ И ЗА ДРЖАВАТА

Законот за енергетика што минатата недела го усвои македонското...

ШОКАНТНО – УЧЕНИК НАПАДНАТ СО НОЖ ВО ДВОР ВО УЧИЛИШТЕ ВО БИТ-ПАЗАР

Фото : Илистрација Соученици нападнале дете во двор во училиште...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ