Friday, January 17, 2025
0.8 C
Skopje

КОВАЧКИ : ДУИ СТАНА БРЕНД НА КРИМИНАЛОТ, КРИМИНАЛНА СТРКУТУРА КОЈА НЕ МУ МИСЛИ ДОБРО НА СОПСТВЕНИОТ НАРОД

Во вечерниот поткаст „ВМРО-ДПМНЕ зборува“ гостуваше пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки кој говореше не само за безбедносните сили на државата и целокупниот безбедносен систем за кој веќе се издвоени 30% од буџетот, средства кои ќе се искористат за негова модернизација, туку и за една од најактуелните теми периодов, а тоа е ставањето на Артан Груби на црната листа на САД.

„Акциите коишто сега следуваат од страна на Министерството за внатрешни работи, меѓутоа и самото ставање на црната листа на високи функционери на ДУИ, е факт и показател дека станува збор за една крајно криминализирана структура којашто во изминатиот период се брендираше како криминална структура, како штетна структура и за државата меѓутоа и за Албанците ако сакате“, прецизира Ковачки во своето излагање.

Според него, ДУИ криејќи се зад превезот за европска иднина, под приказните за некаква албанска кауза позната само на нив, го крадеа, пљачкаа и осиромашуваа сопствениот народ во изминатите години, но она што е најважно во оваа ситуација е дека таквото нивно однесување е препознаено не само однадвор, туку и одвнатре.

„Гледате дека надвор веќе не ги примаат никаде, не одат никаде ни на посети, тотално се екскомуницирани, а внатре мислам дека и самите Албанци гледаат дека станува збор за една криминална структура којашто не им мислела добро ни на самите Албанци. Од тој аспект сакам да кажам дека ДУИ стана бренд, значи заштитник на криминалот и познати по „транспарентните“ нели набавки на „Еуровиа“, фирмата којашто е нивен спонзор и донатор на нивната политичка партија, а ги добиваше најголемите тендери во државата во тоа време“, вели Ковачки.

Тој исто така потсетува дека ДУИ истовремено се познати и по „Соравија“ или купување трговски центри во градот Скопје за само нула денари, понатаму препознатливи и по големиот грабеж на Лотарија, нешто што е особено актуелно периодов, а нешто од коешто СДС не најде сила да се огради и да им се извини на граѓаните што тоа го толерирале.

„Така да, ДУИ не може да се огради од аминувањето, односно ставањето на јавниот обвинител за гонење на организиран криминал, за неговото назначување и штитење на сите овие криминални активности коишто пред малку ги споменав“, заклучува Ковачки.

ОВАА НЕДЕЛА

МУЦУНСКИ ВО ТЕЛЕФОНСКИ РАЗГОВОР СО НОВИОТ ШЕФ НА БУГАРСКАТА ДИПЛОМАТИЈА, ГЕОРГ ГЕОРГИЕВ

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски...

МАРТА КОС: РЕАЛНА ШАНСА ЦРНА ГОРА ДА СТАНЕ ЧЛЕНКА ЗА ВРЕМЕ НА МОЈОТ МАНДАТ ВО 2029 ГОДИНА

Еврокомесарката за проширување Марта Кос денеска во Подгорица изјави...

БУГАРИЈА КОНЕЧНО ДОБИ РЕДОВНА ВЛАДА, ПРЕМИЕР Е РОСЕН ЖЕЉАЗКОВ

По седум парламентарни избори, политичка нестабилност и технички влади,...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ