КОВАЧКИ : ВМРО-ДПМНЕ ВЕТУВА ГРАДБА, ПРОМЕНИ, РЕФОРМИ, ВО ОПШТИНА ПЕТРОВЕЦ ЌЕ ИНВЕСТИРА 5 МИЛИОНИ ЕВРА, ЌЕ СЕ ЗАВРШИ НОВАТА ДЕТСКА ГРАДИНКА

0
37

Прес-конференција на Драган Ковачки, носител на изборна единица 3

Почитувани,

И покрај опструкциите со кои се соочува нашиот градоначалник Борче Митевски овде во Петровец, општината продолжува да се гради да се развива.

Во моментов се градат 10 нови фабрики и како што Општина Петровец е пример за соживот и за градење така планираме да ја водиме и идната влада на Република Македонија.

Владата на ВМРО-ДПМНЕ со Платформа 1198 ќе инвестира во Петровец нови 5 милиони евра. За мост средно Коњаре, ќе го реконструираме патот од влезот на Петровец до излезот во Ржаничино и секако ќе ја завршиме новата детска градинка.

Многу е важно на 8 мај да се излезе и да се гласа, многу е важно да се гласа за број 2, затоа што број 2 ветува градба и промени, ветува реформи.

Ве повикувам сите на 8 мај сите заеднички сплотено да излеземе и да го заокружиме бројот 2 за Гордана Силјановска Давкова за претседател и за Христијан Мицкоски за премиер на Македонија.