КОВАЧКИ : ВЛАСТА Е ИНСПИРАТОР НА СИТЕ ПРОБЛЕМИ

0
182

„Македонија мора да има и да гради добрососедски односи со сите соседи, вклучително и со Република Бугарија. Сите оние испади од таму што се случуваат, најави за некакви скандали, ексцеси итн. на наша територија притоа негирајќи ја македонската самобитност, давајќи му етикета на Гоце Делчев како Бугарин мислам дека се крајно недолични и некоректни кон нас како нација, негирајќи го и постоењето на Македонија и на македонскиот народ.

И таквото нешто на крајот на краиштата би требало на некој начин да биде ставено под контрола еве да кажам од институциите на нашата држава затоа што такво нешто не би требало да се дозволи и не смее да се случи ескалација на состојбите. Сепак ние сме членка на НАТО и ние сме претендент за преговори со ЕУ и мораме да покажеме дека сме цивилизирана држава и дека насилства од било кој тип во оваа држава се недозволени и таквите треба да бидат спречени“, истакна Драган Ковачки, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во гостување во емисија „Што не е јасно“ на Алфа телевизија.

Ковачки додаде дека тоа што него го загрижува е тоа што власта во изминатиов период на некој начин даде мотивација и ги инспирираше тие структури од соседна Република Бугарија да на некој начин да го покажат вистинското лице.

„Вие имате ситуација каде еве од самиот почеток со потпишувањето на бугарскиот договор, односно договор за добрососедство од Зоран Заев тогашниот премиер со Бојко Борисов, практично се отвори таа Пандорина кутија, и за да имаме ситуација каде што нашиот претседател Стево Пендаровски изјавува дека Гоце Делчев е Бугарин. Од една страна изјавува дека Гоце Делчев е Бугарин, а од друга страна свикува Совет за безбедност на која што ете ја разгледува точката и кажува дека посетата на 4-ти февруари може да биде настан од висок ризик“, појасни Ковачки.