КОВАЧЕВСКИ : 40.000 СОЦИЈАЛНИ СЛУЧАИ НА СМЕТКА ЌЕ ДОБИВААТ ПО 3.000 ДЕНАРИ МЕСЕЧНО, ДОДЕКА 150.00 ПЕНЗИОНЕРИ НА СМЕТКА ЌЕ ДОБИВААТ ПО 1.500 ДЕНАРИ ОДОСНО 1.000 ДЕНАРИ МЕСЕЧНО

0
492

Согласно овие препораки дизајниравме мерки за социјално ранливи категории на граѓани. Со овој сет антикризни мерки пред сѐ обезбедуваме по 3.000 денари месечно, во наредните 4 месеци, или вкупно 12.000 денари за скоро 42.0000 граѓани. (Тука спаѓаат лица кои користат право на социјална сигурност, лица кои го користат правото за попреченост, родители на децата со попреченост до 26 годишна возраст кои користат право на посебен додаток, лицата со попреченост кои користат право за помош и нега од друго лице, лицата со потешки трајни промени во здравствената состојба, самохрани родители корисници на ГМП, како и невработени лица). За оваа мерка вкупно се издвоени над 8 милиони евра.

Директна финансиска поддршка од вкупно 6.000 денари во наредните 4 месеци (1500 денари месечно) има и за пензионерите кои земаат до 11.525 пензија, а тоа се над 91.600 пензионери наши сограѓани. Воедно, директна финансиска помош од вкупно 3.000 денари обезбедивме за пензионерите кои земаат пензија од 11.525-14.000 денари, односно над 66.000 пензионери. За оваа мерка, за нашите пензионери издвоивме над 12,2 милиони евра.