КОВАЧЕВСКИ : 2.000 НОВИ, ПОДОБРО ПЛАТЕНИ РАБОТНИ МЕСТА ЗА САМО 10 МЕСЕЦИ СЕ ПОТВРДА ЗА ДОБРИТЕ ПОЛИТИКИ ЗА СТРАТЕШКО ИНВЕСТИРАЊЕ

0
505
Инвестициите во домашната економија од реномираните странски компании се зголемија, и за само 10 месеци се отворија нови, подобро платени, над 2000 работни места, рече вечерва во Скопје, претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски.
Инвестициите во инфраструктурата интензивно продолжија, додаде Ковачевски.
-Конечно ќе го завршиме автопатот Кичево-Охрид, без ниту едно понатамошно одлагање, како во минатото. Експресниот пат до Прилеп се гради, и конечно вистински започнаа работите на патното и железничкото поврзување со Бугарија! Реконструкцијата на магистралните патишта се интензивира, како што не застана и поддршката за изградба на локалните патишта, рече Ковачевски.
Тој додаде дека во услови на глобална криза рекордно е зголемена минималната плата и пензиите.
-Во услови на глобална и тотална криза, како вистински социјалдемократи, како чесни и вистински патриоти за својот народ, ние успеавме рекордно да ја зголемиме минималната плата! Денеска можеме гордо да констатираме дека го исполнивме и го надминавме нашето изборно ветување за висината на просечната плата! Конечно трудот на работниците достоинствено се вреднува! Рекордно, двапати оваа година, ги зголемивме пензиите на сите пензионери и дополнително финансиски ги помогнавме во нивните енергетски и животни потреби! Во една календарска година, вкупното зголемување на пензиите ќе биде 16%, што досега се нема случено. И тоа во година која не е изборна, рече претседатаелот на СДСМ, Димитар Ковачевски.