КОВАЧЕВСКИ : ЈАЈЦАТА ОД КОКОШКА, ОРИЗОТ СЕ СО ЗАМРЗНАТИ ЦЕНИ, НАМАЛЕНА И ЦЕНАТА НА БРАШНОТО, НАЈАВЕНО НАМАЛУВАЊЕ НА ЦЕНИТЕ НА ОВОШЈЕТО, ЗЕЛЕНЧУКОТ И ХИГИЕНСКИТЕ ПРОИЗВОДИ

0
484

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, денеска, заедно со министерот за економија, Крешник Бектеши и директорот на Државниот пазарен инспекторат, Горан Трајковски беше во посета на еден од маркетите во Скопје.

Посетата е со цел да се провери фактичката состојба со снабденоста и цените на основните прехранбени продукти, меѓу кои јајцата од кокошка и оризот, за коишто Владата на Република Северна Македонија донесе одлука за замрзнување на цените, како и проверка на снабденоста и цената на брашното.

„Драго ми е што денеска се уверив дека нашите одлуки се почитуваат, што, се надевам е случај и во другите маркети. Ваквата мерка ќе остане во важност до крајот на април 2023 година, со тенденција вакви слични мерки да донесеме и за други прехранбени производи, ако за тоа се укаже потреба, според претходно направени анализи какви што во моментов правиме.

Пријатно се изненадив и што видов и дека и малопродажната цена на брашното е намалена во дел од маркетите, без при тоа, државата да донесе официјална одлука за тоа, а таа е направена врз основа на разговорите кои ги имавме со производителите на брашно, како и врз основа на намалувањето на дел од трошоците кои ги имаат во нивниот производствен трошок.