КОВАЧЕВСКИ – ШОЛЕ : СТРАТЕШКОТО ПАРТНЕРСТВО СО САД ПРОДОЛЖУВА СО СИЛНА ПОДДРШКА ЗА ОСТВАРУВАЊЕ НА НАШИТЕ СТРАТЕШКИ ЦЕЛИ

0
407

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски, вечерва разговараше телефонски со Дерек Шоле, советник на државниот секретар на САД, Ентони Блинкен.На телефонскиот разговор учествуваа и заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ, министерката за одбрана Славјанка Петровска, и амбасадорката на САД, Ангела Агелер.

Разговорот беше со фокус на стратешкото партнерство на Северна Македонија и САД и идната соработка и поддршка која ја имаме во насока на остварувањето на нашите стратешки цели. Се раговараше и на повеќе теми како што е справувањето на Владата со енергетската криза но и за инфраструктурните и енергетски проекти за кои Северна Македонија ќе има силна поддршка од САД.

Меѓу останатото, тема на разговорот беше и развојот на Северна Македонија во делот на борбата против корупцијата и унапредување на владеењето на правото.На разговорот беше изразено взаемо задоволство од текот на скрининг процесот, а се разговараше и за забрзаната евроинтеграција на земјата како приоритетна стратешка цел на Северна Македонија, а со фокус на реформските процеси кои се случуваат како резултат на истата.