КОВАЧЕВСКИ : ЧЕСТИТКИ ЗА 20-ГОДИШНИНАТА НА ДУИ И ЗА ЗНАЧАЈНО УЧЕСТВО ВО УНАПРЕДУВАЊЕТО НА ДЕМОКРАТСКИ ПРОЦЕСИ

0
732

Премиерот Димитар Ковачевски денеска на својот фејсбук профил упати честитка за 20-годишнината од основањето на Демократската унија за интеграција.

-Честитки за 20-годишнината од основањето на Демократската унија за интеграција за единство и за значајното учество во унапредување на демократските процеси и за учеството во остварувањето на стратешките интереси на земјата, пишува Ковачевски.

Тој напомена дека ќе продолжат заедно како партнери во владината и парламентарната коалиција.

-Со полн капацитет носиме политики и решенија за сериозните актуелни предизвици и во справувањето со глобалната економска и енергетска криза, напиша на Фејсбук Ковачевски.