Friday, May 16, 2025
11.5 C
Skopje

КОВАЧЕВСКИ : ЦРВЕНКОВСКИ ГЛЕДА НА РАБОТИТЕ ОД ПЕРСПЕКТИВА ОД НЕГОВОТО ВРЕМЕ, КОГА И ДОГОВОР СО ГРЦИЈА СЕ ЧИНЕЛ НЕВОЗМОЖЕН

Премиерот Димитар Ковачевски денеска ја искоментира изјавата на поранешниот шеф на Владата, претседател на земјата и претседател на СДСМ, Бранко Црвенковски, кој вчера се огласи со видување дека ЕУ нема став „што ќе прави со себе во иднина, а не пак да прима нови членки од Западен Балкан“. Според Ковачевски, како што одговори на новинарско прашање, Црвенковски ги гледа работите од своевремена перспектива кога во негово време изгледало невозможно да се постигне договор со Грција.

– Кога ќе погледнете од временска перспектива, може да ви се чинат некои работи неоствариливи или тешко остварливи. На пример, јас сум разговарал со негови колеги кои што биле во неговиот кабинет, инаку мои блиски пријатели, кои велат „за нас од временска перспектива од тогаш беше несфатливо да се дојде до договор со Грција и државата да стане членка на НАТО“. Но сега гледаме дека можело да се дојде до договор со Грција и да станеме чкенка на НАТО. Никој не очекуваше дека минатата година ќе добиеме Преговарачка рамка, но заедно со пратениците ја усвоивме во Собранието, рече Ковачевски.Тој останува на ставот дека до 2030 земјата може да стане членка на ЕУ доколку се донесат „одлуките кои што се очекуваат од нас“ со комплетирање на скринингот и затворање на поглавјата. Според Ковачевски, сосема подруго мислење од Црвенковски имаат раководителите на Европската унија, како што е Урсула фон дер Лајен.

ОВАА НЕДЕЛА

ФИЦО ЗАПЛИВА ВО ДУНАВ ПО ШПЕКУЛАЦИИТЕ ЗА НЕГОВОТО ЗДРАВЈЕ

Словачкиот премиер Роберт Фицо објави фотографија на која плива...

ПОЧИНА НИКОЛЧЕ ЗДРАВЕСКИ, ФУДБАЛСКА ЛЕГЕНДА НА ПРИЛЕПСКА ПОБЕДА

На 54-годишна возраст почина легендата на прилепска Победа и...

КАРАВАНОТ ,,ЗАЕДНО ЗНАЕМЕ ПОВЕЌЕ” ВО КРИВА ПАЛАНКА – ДВИЖЕЊЕТО ЗНАМ ЗА НАША МАКЕДОНИЈА ДИРЕКТНО СО НАРОДОТ

Претседателот на Движењето ЗНАМ за Наша Македонија, Максим Димитриевски заедно...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ