КОВАЧЕВСКИ – ФОН ДЕР ЛАЈЕН : ВРЕМЕ Е ЗА МУДРИ ОДЛУКИ, МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК И ИДЕНТИТЕТ ВО ЕУ СЕ ЗАШТИТЕНИ

0
815

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски денеска имаше тет-а-тет средба со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

На средбата Ковачевски и Фон дер Лајен разговараа за најважните прашања поврзани со проширувањето на Европската Унија. Беше констатирано дека сега е моментот кој треба Северна Македонија да го искористи за прифаќање на европскиот предлог, што понатаму значи и одржување на првата меѓувладина конференција и почеток на преговорите за членство во ЕУ.