КОВАЧЕВСКИ : СУБВЕНЦИИТЕ ЗА МИНИМАЛНАТА ПЛАТА ЧИНАТ ПОМАЛКУ ОД ЕДЕН СПОМЕНИК ВО ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ

0
402

„Од буџетот може да се троши за непродуктивни расходи, како што имавме во минатото во инвестиции што ги гледаме во центарот на Скопје. Вчера еден новинар ме праша колку чини субвенцијата за минимална плата, таа чини помалку од еден споменик во центарот на Скопје“ кажа премиерот Димитар Ковачевски во емисијата „200“ на АлсатМ.

Тој додаде дека преку инвестирањето во работници, како и преку инвестирање во нови машини и нови методи за работа се зголемува продуктивноста со што ќе се гарантира одржливоста на растот на минималната плата.

„Најголем историски раст на платите во социјалната сфера беа направено за време на оваа влада. Над 20 отсто беа покачени платите за негувателките. За докторите и лекарскит персонал имавме најголемо историско зголемување. Не може некој кој бил против тоа да кажува дека се смета себеси за морална вертикала и да го суди решението кое што било во интерес на работниците“ кажа Ковачевски.

Премиерот кажа дека растот на минималната плата ќе прави притисок и за зголемување на просечната плата, како што имавме и минатиот период.