Рехабилитацијата на државниот пат А2, односно делницата Подмоље-Струга-Ќафасан, чинеше скоро 8 милиони евра, премиерот Ковачевски истакна дека оваа делница е од исклучително значење за овој регион, особено за поттикнување на регионалната соработка, за нови можност за економски врски, културни размени и врски меѓу луѓето на Северна Македонија и Албанија.
„Делницата Подмоље-Струга-Ќафасан има големи економски предности, отвора можности за трговија и инвестиции, отворање нови работни места и подобрена транспортна инфраструктура, што крајно позитивно влијае врз поттикнување на економскиот раст на двете држави.
Државниот пат А2, се поврзува и со Коридорот 8, што е од клучно значење за поврзување на нашата земја не само со регионот, туку геостратешката позиција на Коридор 8, овозможува Северна Македонија да стане неизбежна транспортна рута со европските земји”, рече премиерот Ковачевски.Министерот Бочварски рече дека Министерството за транспорт и врски работи и на проект за рехабилитација на инфраструктурата на граничниот премин Ќафасан како и поставување на нов видео надзор.