КОВАЧЕВСКИ : СО НОВАТА ПРАВЕДНА ДАНОЧНА РЕФОРМА НЕМА НОВИ ДАНОЦИ, НЕМА ЗГОЛЕМЕНИ ДАНОЦИ И СЕ УКИНУВА ПРОГРЕСИВНОТО ОДАНОЧУВАЊЕ

0
141

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски и министерот за финансии, Фатмир Бесими го презентираа новиот Концепт на даночна реформа. Новата даночна реформа е дел од Стратегијата за реформа на даночниот систем (2021-2025), каде се утврдени главните цели на даночните реформи, поставени во пет приоритети.

Целта на новиот Концепт на даночна реформа е праведен, ефикасен и модерен даночен систем кој овозможува за стабилни приходи, економски раст и подобри услуги за граѓаните.Во продолжение е интегралното обраќање на премиерот Ковачевски:
„Денес заедно со министерот Бесими ќе го претставиме новиот Концепт на даночна реформа, што го усвои Владата на денешната седница, а кој ќе се одвива во повеќе етапи, во интерес на прилагодување на сите засегнати страни.

Уште на почетокот сакам да ги напоменам најважните работи за граѓаните и за компаниите, а тоа е дека со овој нов концепт: