КОВАЧЕВСКИ: СИТЕ ДОСЕГАШНИ ЛИДЕРИ НА СДСМ СЕ ДРЖАВНИЦИ ВЕЛИКАНИ, ЗАЕВ СО ПРАВО БЕШЕ ПОЗДРАВЕН СПЕКТАКУЛАРНО НА ТРИБИНА ВО СТРУМИЦА, ИСТ ТАКОВ ПРЕЧЕК ЌЕ МУ БИДЕ ПРИРЕДЕН И НА ЦРВЕНКОВСКИ АКО СЕ ПОЈАВИ НА ТРИБИНА НА СДСМ

0
793

ФОКУС: Дали имате комуникација со Вашиот претходник Заев, како и со другите поранешни претседатели – Црвенковски, Бучковски, Шекеринска? Колку тие се вклучени во партиските процеси?

КОВАЧЕВСКИ: Уште при самиот избор за претседател реков дека себеси не се гледам како наследник, туку се кандидирав со јасна подготвеност, концепт, план и визија како СДСМ да се консолидира, да напредува и да ја предводи владата со конкретни социјалдемократски политики. Тоа до ден-денес не е променето. Сите поранешни претседатели на СДСМ, без исклучок, вклучувајќи го и претседателот на државата Киро Глигоров, кој не бил претседател на СДСМ, но ја има членската книшка 001, се вградиле во напредокот на независна Македонија.

Тие имаат големо државничко и партиско искуство и секогаш кога за тоа постои потреба, јас имам комуникација за одреден совет при моделирањето на политиките. Тие во рамки на нивните можности учествуваат и во активности на партијата. Бевте сведоци дека на трибините добар дел од некогашните претседатели се појавија и беа поздравени како што доликува.