Thursday, December 5, 2024
5.8 C
Skopje

КОВАЧЕВСКИ : СДСМ СОЗДАДЕ СЛОБОДНА И ДЕМОКРАТСКА ДРЖАВА СО ЈАСНА ЕВРОПСКА ПЕРСПЕКТИВА

„СДСМ создаде слободна, демократска држава, во која секој слободно може да го искаже своето мислење, без да шепоти и без да стравува. Денес можат сите заедно да седат рамо до рамо, да работат заедно, да живеат заедно и сето тоа да биде во интерес на прогерсот на државата.” рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски вечерва на отворањето на промотивниот штаб на партијата во Бутел.

Претседателот Ковачевски во обраќањето пред присутните членови, симпатизери и поддржувачи се осврна и на фактот дека сега, Северна Маледонија е земја каде нема закани, притисоци и изборен инженеринг со којшто се менува волјата на граѓаните. „И така доликува на земја членка на НАТО, која стана членка на НАТО благодарение на СДСМ и земја која преговара со ЕУ и пак благодарени на СДСМ ги отпочнавме преговорите со ЕУ” посочи Ковачевски.

„Од заробена држава, во изолација, далеку од НАТО и ЕУ денеска сме горда челнка на НАТО алијансата. Земја која претседаваше со ОБСЕ и која има најсилна меѓународна поддршка од сите земји во регионот. Колку е важно членството во НАТО, видовме за време на војната во Украина. Колку е важно членството во ЕУ, гледаме секој ден и од финансиската поддршка и од проектите и од плановите кои ги правиме заедно со нив” рече Ковачевски на отворањето на промотивниот штаб на партијата во Бутел.

Претседателот Ковачевски се осврна на придобивките од членството во ЕУ за што СДСМ го направи историскиот чекор и по 17 години чекање, ги отпочна преговорите со ЕУ „Кога говориме за членство во ЕУ, јас не говорам за членство заради членство, туку говориме поголеми плати, зборуваме за слобода на движење, зборуваме за поголеми пензии, подобри работни места, за подобро платени работни места, за пододостоинствени граѓани во нашата држава. И затоа мора да продолжиме по вистинскиот, по европскиот пат” рече Ковачевски.

Ковачевски го посочи изборот кој го имаат граѓаните на изборите во април и мај „Ние во април и на 8 мај имаме многу едноставен избор, на една страна прогрес, среќни граѓани, држава која се развива и на друга страна, изолација, кавга со соседи, кавга внатре, држава која ја гледавме таква потоната 11 години. Со Хрватска бевме во 2005 година на исто рамниште, гледајте каде е Хрватска, заради нив 11 години седевме во место.“ рече Ковачевски.

ОВАА НЕДЕЛА

ПРОДОЛЖЕН ПРИТВОРОТ ЗА ЌЕРКАТА КОЈА ЈА УДИРАЛА МАЈКА СИ СО ЧЕКАН ДОДЕКА СПИЕЛА

Основното јавно обвинителство Кавадарци до надлежниот суд поднесе Обвинителен...

ПОЛИЦИЈАТА ГО УАПСИ КУМАНОВЕЦОТ КОЈ ОПОЖАРИЛ АВТОМОБИЛИ И ДЕЛОВЕН ОБЈЕКТ ВО КУМАНОВО

Фото : Илустрација Министерството за внатрешни работи соопшти дека го...

НА ДОДИК НЕ МУ СЕ ДОПАЃА ТОА ШТО КУРТИ ДОАЃА ВО САРАЕВО : ПРОВОКАЦИЈА, ЌЕ ИМА ПРОБЛЕМИ

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, изјави дека работите...

ПАДНА ФРАНЦУСКАТА ВЛАДА

Обединети при гласањето, левицата и екстремната десница, со мнозинство...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ