КОВАЧЕВСКИ: ПУКНА ЦЕВКА СИНОЌА ВО РЕК БИТОЛА, ЌЕ СЕ САНИРА ЗА 24 ЧАСА, ПРИ КРАЈ Е МОНТИРАЊЕТО НА ТРАНСФОРМАТОРОТ ЗА ТРЕТИОТ БЛОК, ПРИ КРАЈ Е РЕМОНТОТ И ВО ТЕЦ ОСЛОМЕЈ

0
576

– Предвидени се пари за интервентен увоз на струја во случај на хаварии а кога капацитетите ни се од 1978-ма година очекувано е да има хаварии. Инженерите од РЕК Битола ме известија дека проблемот ќе биде саниран за 24 часа.

При крај се ремонтот на ТЕЦ Осломеј и монтирањето на трансформаторот за третиот блок во РЕК Битола и зимава ќе имаме доволно струја. Гас за ТЕТО ќе се набавува на 30 дена за да не направиме голема загуба ако падне цената а ние сме купиле гас за 6 месеци па отидат во ветар сто милиона евра. Премиерот Ковачевски на прес во владата за новата даночна реформа.