Премиерот Димитар Ковачевски утринава положи венец пред споменикот на слободата „Сила, слава и победа” на Кале во рамки на одбележување на големиот државен празник 2 Август, Илинден.
Премиерот е придружуван од првиот вицепремиер Артан Груби, министерката за одбрана, Славјанка Петровска и вицепремиерот Фатмир Битиќи.Ковачевски ќе се обрати на свечена манифестација која ќе се одржи на тврдината Кале во Скопје што започна во 9:30 часот.