КОВАЧЕВСКИ: Првиот блок на РЕК Битола ќе се гаси во 2025-та и на негово место ќе се гради гасна електрана, вториот ќе се гаси во 2030-та и ќе биде заменет со фото волтаици, третиот ќе се гаси 2040-та година

0
436

– РЕК Битола полека постепено ќе се гаси како капацитет кој работи на јаглен и ќе се трансформира во капацитет кој работи на еколошки горива. Па така првиот блок ќе се гаси 2025-та и на негово место ќе се гради гасна и термо електрана со што ем ќе биде заменет првиот блок но и Битола ќе добие парно греење, потоа вториот блок е планирано да се угаси 2030-та и на негово место ќе ставиме фото волтаици со капацитет од 180 мегавати а третиот блок е планирано да се угаси во 2040-та година. Во меѓувреме ќе инвестираме со јавно приватно партнерство во ХЕЦ Чебрен кој ќе произведува 1000 мегават часови струја годишно што ќе биде стожер на македонската енергетска стабилност. Во ХЕЦ Осломеј веќе инсталираме 180 мегавати фото волтаици, ги прошируваме и ветерниците во Богданци и Дојран.

Шефот на ЕСМ, Ковачевски за Алсат М.