КОВАЧЕВСКИ : ПАРЛАМЕНТАРНОТО МНОЗИНСТВО ЌЕ БИДЕ ПОГОЛЕМО ОД ТОА ШТО Е ДЕНЕС, МИЦКОСКИ ЕДНА ЛАГА ПОКРИВА СО ДРУГА

0
558

Во СДСМ има чесни структури. Пратениците на СДСМ се членови по функција на Централниот одбор и нивниот глас вреди исти колку што вреди гласот на претседателот на партијата и секој од нив го кажува своето мислење. Сите одлуки во СДСМ се носени едногласно, изјави денеска премиерот и лидер на СДСМ Димитар Ковачевски. -Не само што пратениците се слободни да одлучуваат така како што сметаат согласно добиениот мандат и својата политичка позиција во политичката партија туку ќе порачам дека парламентарното мнозинство ќе биде поголемо од тоа што е и денес, рече премиерот Ковачевски. Тој ја коментираше вчерашната изјава на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски дека паракриминални структури вршат притисок врз пратеници на власта кои сакаат избори. Според Ковачевски, Мицкоски е човек кој со лага сака да прикрие друга лага.

-Најлошо е кога човек со лага сака да прикрие друга лага, а ова му е трета лага на Мицкоски. Пред една година шеташе низ Собранието велејќи дека има 61 пратеник за да ја сруши Владата, а потоа го видовме таа вечер на клиника. Исто така, пред Нова Година кажа дека има 61 пратеник за да ја сруши Владата за сега да каже дека полукриминални… Не знам каква му е таа реченица, рече Ковачевски кој денеска беше во посета на Преспа.Во СДСМ, потенцира тој, има чесни структури. -Пратениците на СДСМ се членови по функција на Централниот одбор и нивниот глас вреди исти   колку што вреди гласот на претседателот на партијата и секој од нив го кажува своето мислење. Сите одлуки во СДСМ се носени едногласно. Во СДСМ претседателот на партијата односно јас или кој било претседател претходно ниту им барал меници на пратениците ниту изјави заверени на нотар, како што тоа го барал Мицкоски, се со цел да може да ги држи во заложништво. Исто како што самиот тој е во заложништво на Апасиев, рече Ковачевски.