
-Не знам чија креација е Палевски, меѓутоа знам кој на мене ми правеше гилотина минатата година во јули пред Собрание, кој на мене ми правеше јавно судење минатата година тука пред Влада, кој организираше фрлање на молотови коктели врз МНР, кој ја организираше толпата која што сакаше да влезе во зградата на владата при усвојувањето на европскиот предлог. Кои луѓе беа таму, се сеќавате. Таму беа и тој Палевски што го спомнувате, таму беше и претседателот на Левица, таму беше и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ. Неколку пати укажував дека има странски агентури кои што го финансираат тоа. Ако е нечиј тој Палевски тогаш е на тие што цела година тоа го организираа., рече претседателот Димитар Ковачевски за „360 степени.