КОВАЧЕВСКИ : ОПОЗИЦИЈАТА ШИРИ ЕТНИЧКИ ТЕНЗИИ И НЕ ВРАЌА ВО 2001, ДЕМОКРАТСКА ВЛАДА НА СДСМ НАПРАВИ ГОЛЕМ ИСЧЕКОР ВО СЛОБОДАТА НА МЕДИУМИТЕ

0
354

“Сметам дека неколку работи се важни. Прво, во однос на слободата на медиумите имаме напреднато 100 места, второ дека одговорот не беше насочен кон новинар туку, насочен кон самото прашање и одговарање на концепт во однос на прашањето. И трето што сакам да го истакнам дека во нашата држава постојат 2 политички партии кои во моментов се во опозицијата, тука мислам на ВМРО – ДПМНЕ и Левица кои единствена агенда во моментов им е ширење на тензии на национална основа која што го прават на секојдневна основа. Тоа мислам ги става во прилично непријатна ситуација и медиумите со оглед на тоа што мора постојано да известуваат за се она што е кажано нормално од политичките партии” истакна претседателот на СДСМ и премиер Димитар Ковачевски денеска во одговор на новинарско прашање на настан организиран по повод големиот празник 11 Октомври – Денот на народното востание, во с. Селце, Прилеп.

Претседателот и премиер Ковачевски, посочи дека постојат политички партии кои темите на етничката припадност сакаат да ги издигнат на своја политичка агенда и со тоа да внесуваат етнички тензии меѓу граѓаните кои се пропратени со ксенофобија и етнонационализам.
Тој воедно истакна дека ваквото однесување на опозицијата не води никаде напред, особено не кон еден европски концепт на државата, туку води многу назад во концепт од 2001 година, кога во државата постоеше конфликт.

“Видовме и како изгледаше 11 години во време кога државата беше изолирани во однос на евроинтеграциите и интеграцијата во НАТО” истакна Претседателот и премиер Ковачевски осврнувајќи се на стратегијата на блокирање која ја носи земјата во извесна изолација иста како онаа во времето на режим, под водство на ДПМНЕ.

Претседателот и премиер Ковачевски исто така се осврна на фактот дека Владата предводена од СДСМ успеа после 11 години комплетно недемократски режим, кој одредени медиуми и го поддржуваа, да направи голем исчекор во слободата на медиумите што е предуслов за секоја демократија и приоритет на секоја демократска Влада.