КОВАЧЕВСКИ ОД ТРИБИНАТА ВО БИТОЛА : СО ДПМНЕ НЕМА ЧЛЕНСТВО ВО ЕУ НИТУ ЗА 100 ГОДИНИ

0
395

Со ДПМНЕ не само што има помалку за граѓаните има помалку и за државата, а она што е најлошо со ДПМНЕ нема иднина, нема членство во ЕУ ниту за 100 години рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на трибината „Повеќе за сите“ во Битола.

-Го слушнавме сите Христијан Мицкоски јавно на телевизија, самиот потврдува, вели „може да бидат и сто години“ а “можеби и никогаш да не биде“. Со ДПМНЕ нема членство во ЕУ ниту за 100 години, тоа е јасно како ден, рече Ковачевски.

Антиевропската коалиција на ДПМНЕ и Левица е закана за европската иднина на земјата и мора да биде поразена. И ќе биде поразена, јас ви ветувам, рече Ковачевски.

-Изборот е јасен, напредок и членство во ЕУ со СДСМ, или изолација и стагнација со ДПМНЕ. Граѓаните немаат нови години за губење во изолација, неизвесност и стагнација. Со глас за проевропската коалиција предводена од СДСМ на претседателските и на парламентарните избори граѓаните бираат повисоки плати и пензии, напредок и сигурна иднина. СДСМ ќе го има победничкиот кандидат на претседателските избори и СДСМ ќе ја формира новата проевропска Влада. Заедно ќе ја однесе земјата во Европската Унија и која ќе обезбедиме европска иднина за нашите деца, рече претседателот на СДСМ и премиер, Димитар Ковачевски на трибината Повеќе за сите во Битола.