Thursday, April 24, 2025
17.8 C
Skopje

КОВАЧЕВСКИ ОД ПРИЛЕП : СО НОВИОТ ПАКЕТ МЕРКИ ОД 10.800 ДЕНАРИ ПОДДРШКА ЗА УЧЕНИЦИ ЗА 6 МЕСЕЦИ

Со СДСМ секој добива повеќе, само со последниот 9ти пакет антикризни мерки 662 милиони евра пренасочивме кон граѓаните, финансиски ги поддржуваме младите, пензионерите, ранливите, компаниите, рече претседателот на СДСМ и премиер, Димитар Ковачевски на вечерашната трибина „Повеќе за сите“ во Прилеп.
-За младите, обезбедуваме финансиска поддршка за средношколци и ученици од семејства со месечни примања до 50.000 денари. Конкретно, во наредните 6 месеци 35.000 ученици од средно училиште месечно добиваат по 1.800 денари. Тоа се вкупно 10.800 денари до завршување на училишната година, по ученик. Учениците од основното образование, во наредните 6 месеци добиваат по 1.200 денари  месечно.  Тоа се вкупно 7.200 денари до завршување на училишната година за ученик а опфатени се 70.000 ученици од основно училиште. Дури 105.000 ученици опфаќаме со оваа мерка., рече Ковачевски.
Дополнително, за 15.000 студенти кои студираат на државните универзитети надвор од место на живеење добиваат ваучер за превоз од 600 денари до 1.200 денари месечно, додаде тој.
-Работиме за зголемување на ученичкиот и студентскиот стандард, за основците, средношколците, студентите од ранливи семејства, се грижиме за нив и за нивната социјална сигурност, порача лидерот на СДСМ и премиер Димитар Ковачевски во Прилеп.

ОВАА НЕДЕЛА

ИЗБУВНА ПОЖАР ВО НАСЕЛБАТА ТОЧИЛА 2, ПОВРЕДЕНИ НЕМА ПОЖАРОТ ЛОКАЛИЗИРАН

Украсна ламбичка предизвика пожар во еден стан на први...

ТЕПАЧКА НА ГРАНИЧЕН ПРЕМИН ТАБАНОВЦЕ, ЛЕТАА БОКСОВИ И КЛОЦИ

Големи редици од автомобили попладнево се создадоа на граничниот...

МАЖ ВО ПРИЛЕПСКО МАЖУЧИШТЕ ЗАГИНА ОД УДАР НА ГРОМ

Маж загина од удар на гром во Прилепско, соопшти...

ДИМИТРИЕСКА КОЧОСКА: ПРОЕКТИРАНИОТ РАСТ ОД 3,7 ОТСТО Е РЕАЛЕН

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, која престојува во Вашинтон,...

СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА НА „РЕКОРД“, ДОШЛЕ ЕКИПИ НА ИТНАТА ПОМОШ

Тешка сообраќајна несреќа се случи синоќа на „Рекорд“ во...

ТРАМП: БЛИСКУ СМЕ ДО ДОГОВОР СО ПУТИН И ЗЕЛЕНСКИ ЗА РЕШАВАЊЕ НА ВОЈНАТА ВО УКРАИНА

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека мисли дека има...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ