КОВАЧЕВСКИ ОД ПРИЛЕП : ОПОЗИЦИЈАТА ИТНО ДА ГО ДЕБЛОКИРА ЗАКОНОТ ЗА ТУТУНАРИТЕ ВО СОБРАНИЕТО

0
597

Премиерот Ковачевски во одговор на новинарско прашање за субвенциите за тутунарите, одговори дека средствата во буџетот се обезбедени и дека останува, како и секоја година, со измена во законот да се обезбеди нивната исплата.

„Таа измена во законот им ја олеснува постапката на примателите на субвенции, односно производителите на тутун не треба да одат во УЈП да вадат потврда за платени даноци со цел да се олесни прво исплатата за да се олесни технички поднесувањето на барањето за субвенциите. Како и секоја година станува збор за техничка измена која што Собранието веднаш ја одобрува, но до овој момент на Комисијата за земјоделство тој закон не го става на дневен ред“, истакна Ковачевски.

Премиерот потенцираше дека тој на парламентарна говорница побара од пратениците веднаш да го стават законот на дневен ред, но со оглед на тоа дека Комисијата за земјоделство се води од пратеник од опозицијата, односно претседател на една од коалиционите партии на ВМРО – ДПМНЕ, тој закон сеуште не се става на седница и не се закажува седница.

И само од тука можете да видите дека опозицијата блокира закони кои што значат подобар живот на граѓаните, а овде токму за тоа се работи бидејќи се обезбедуваат субвенции за производителите на тутун кои што се многу значајни производители во државата. Еве уште еднаш ја користам оваа можност да ги повикам веднаш да се закаже седница на Комисијата за земјоделство и таа техничка измена на законот за неколку часа да биде изгласана за да можат производителите на тутун да почнат веднаш да ги примаат своите субвенции“, нагласи претседателот на Владата Ковачевски.