КОВАЧЕВСКИ ОД МОЛДАВИЈА : СЕГА Е МОМЕНТОТ, ПОТРЕБНА НИ Е ИНТЕГРАЦИЈА А НЕ ИЗОЛАЦИЈА

0
1005

Сега е моментот којшто Северна Македонија треба да го искористи и да ги донесе потребните одлуки за да продолжи интегрирањето во ЕУ, нема појасна порака од ова, потребна ни е интеграција а не изолација, рече претседателот на СДСМ и премиер Димитар Ковачевски во одговор на прашање по денешната прес конференција во Молдавија.

-Се разговара за одлуки кои што треба да се однесат со цел остварување на стратешка цел на државата. Бидејќи политичките партии и пратениците во Собранието имаат обврска и одговорност пред граѓаните да носат одлуки кои што овозможуваат подобра иднина и подобар животен стандард на сегашните и идните генерации. Членството во ЕУ не е цел сама за себе, членството во ЕУ е цел со која што го остваруваме она што го сакаат граѓаните, рече Ковачевски.Ако не се случат уставните измени ќе го имаме истото тоа што го имавме од 2006 до 2016 година, наместо интеграција ќе имаме изолација, додаде Ковачевски.

-Ввидовме како изгледа изолација, без инфраструктура, заробена држава, без слобода на медиуми, 130 место бевме, сега сме 38 во светот, владеење на право беше карактеризирано како хибриден режим, денеска медиумите слободно ја уредуваат својата политика. Истото се однесува и во делот на другите дела од власта, вие гледате дека веќе се повикам јас на изјавата на холандскиот амбасадор до институции кои што се корисници на холандска помош, меѓутоа кои што не се во надлежност на владата, кои што ќе треба да дадат на транспарентен начин отчетност за што ги користи средствата.

Дали ги унапредиле процесите за кои што биле наменети сите средства. Меѓутоа на тој начин секоја институција треба да биде одговорна во дел на надлежностите на кој што ги имаат. Тоа е интенцијата на градењето на демократско и на праведно општество во било која држава. Затоа јас велам дека пак сум рационален оптимист, односно верувам во остварување на целта, и работам да се оствари целта затоа што на Северна Македонија и е потребна интеграција во ЕУ, а не изолација, рече Ковачевски.

Оној што е скептик ќе остане скептик на што и да слушне на секоја тема. Меѓутоа јас не сум дел од било какви скептици било да се тоа евроскептицисти, економски скептицисти, инфраструктурни скептицисти, туку баш напротив сум човек кој што работи заедно со колегите во Владата на остварување на целите на нашата држава, додаде тој.

Изборите во државата се дефинирани согласно закон и Устав, претседателските избори се во втората половина на март, парламентарните избори се во втората половина на јуни, кажа Ковачевски.
-Ние постојано зборуваме за владеење на право, за почитување на законите за владеење на демократија, владеење на демократија и почитување на закони е одржување на избори тогаш кога им е време, како што го прават сите практично европски држави, рече претседателот на СДСМ и премиер Димитар Ковачевски во одговор на новинарско прашање.