КОВАЧЕВСКИ: ОД БУЏЕТОТ ЌЕ ПРЕФРЛИМЕ 500 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ПЕНЗИСКИ ФОНД ЗА НАВРЕМЕНИ И ЗГОЛЕМЕНИ ПЕНЗИИ

0
484
  • Сето ова го направивме без да ги зголемиме стапките за пензиски придонеси, односно без да има дополнително преоптоварување на бизнис секторот. Најголемиот дел на средства, 499 милиони евра се трансфер до Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, што е дополнителен показател за граѓаните дека пензискиот фонд го одржуваме стабилен.Со добрите економски политики на Владата, успешното менаџирање на Фондот и креираните резерви, за речиси 330.000 пензионери обезбедуваме редовна и предвремена исплата на пензиите.

    Со овој буџет, обезбедуваме ублажување на последиците од кризата и ја зачувуваме социјалната сигурност на нашите пензионери со најмали пензии. Директна финансиска помош од вкупно 6.000 денари за пензионери коишто земаат до 11.525 денари, а воедно директна финансиска помош од 3.000 денари за пензионери коишто имаат пензија од 11.525 до 14.000 денари.

    Премиерот Димитар Ковачевски на денешната владина прес конференција.