Friday, January 24, 2025
1.8 C
Skopje

КОВАЧЕВСКИ – О’БРАЈАН : СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА Е ПРЕД КЛУЧЕН МОМЕНТ ДА ГИ ОСИГУРА ЕВРОПСКИТЕ ПЕРСПЕКТИВИ, ДА ПРОДОЛЖИ СО СЛЕДНИОТ ЧЕКОР КОН ЕУ

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, денеска одржа тет-а-тет средба со помошникот државен секретар на САД за Европа и Евроазија, Џејмс О’Брајан.
По тет-а-тет средбата, се одржа и билатерална средба, на којашто присуствуваа и Артан Груби, прв заменик на претседателот на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Фатмир Битиќи, заменик на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Бојан Маричиќ, заменик на претседателот на Владата за европски прашања, Славјанка Петровска, министерка за одбрана и Викторија Аврамовска – Мадиќ, заменичка-министерка за правда.

На состанокот беше поздравена конструктивната улога на Република Северна Македонија како претседавач со ОБСЕ, како и придонесот на нашата држава во мирот во регионален и глобален контекст, посебно што во Северна Македонија се гледа фактор на стабилност и безбедност во регионот.

Премиерот Ковачевски и помошникот државен секретар на САД, О’Брајан го потврдија големото пријателство помеѓу Северна Македонија и САД, коешто е базирано на меѓусебна доверба.

Се истакна и важноста на стратешкото партнерство на САД во натамошниот напредок на нашата држава. Се разговараше и за актуелни прашања во нашата држава, како и од значење за поширокиот регион.

На средбата е потенцирано дека политичката стабилност има клучно значење во реформските процеси од значење за граѓаните и за развојот.

Се констатираше дека Северна Македонија со зрелите политики и мудрите лидерски одлуки стана членка на НАТО и сега е пред пресвртен момент да обезбеди европски квалитет на живот каков што заслужуваат македонските граѓани, функционална имплементација на владеењето на правото и унапредување на правната институционална рамка во рамките на процесот на преговори со ЕУ.

Заедничкиот заклучок од средбата беше дека е неопходно сите политички лидери и субјекти во државата да ја имаат предвид важноста Северна Македонија да продолжи со следниот чекор на патот кон ЕУ, што ќе ги осигура европските перспективи на државата. Тоа е чекор што се очекува од Северна Македонија како придонес во демократскиот прогрес и перспективите на целиот Западен Балкан и во прилог на стабилноста и безбедноста на европскиот континент.

ОВАА НЕДЕЛА

МАНЧЕСТЕР ЈУНАЈТЕД КАКО ШТО ГО ЛИЧИ СО НЕВЕРОЈАТЕН ПРЕСВРТ ОД 2-1 ГО ПОБЕДИ ГЛАЗГОВ РЕНЏЕРС НА ОЛД ТРАФОРД

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед преку неизвесен и драматичен финиш...

МИЦКОСКИ СО РЕАКЦИЈА ДО ГРЧКОТО МНР: СЕ ЧУДАМ ОД КАДЕ ТИЕ СЕ ПОЧУВСТВУВАА ПОВИКАНИ

Премиерот Христијан Мицкоски не ја разбира реакцијата на грчкото...

ТРИ ЖЕНИ ПРИВЕДЕНИ ПОРАДИ ТЕПАЧКА ВО ЦЕНТАРОТ НА ПРИЛЕП

Фото : Скриншот ,,РадиоПела". 22.01.2025 во 14.45 часот на бул.„Гоце...

ТРАМП ОД ДАВОС ПОБАРА ДА СЕ НАМАЛАТ ЦЕНИТЕ НА НАФТАТА ЗА ДА ЗАПРЕ ВОЈНАТА ВО УКРАИНА

Американскиот претседател Доналд Трамп, во неговиот прв поголем јавен...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ