КОВАЧЕВСКИ : НЕМА ПРОМЕНИ, ДПМНЕ КАКО ШТО ГИ ФАЛСИФИКУВАА АНКЕТИТЕ ТАКА И СЕ ОБИДОА ДА ФАЛСИФИКУВААТ И ПОТПИСИ

0
187
Ништо не е променето во ДПМНЕ, тоа е истата партија на лаги и невистини, како што фалсификуваа анкети така се обидоа да фалсификуваат и потписи за нивната кандидатка, рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на денешниот 28 Конгрес на партијата.
-Излегоа пред граѓаните и рекоа имале потписи за нивната кандидатка. Прес конференција фрчеа од белата палата за колку часа ги собрале. И на крај самите се фатија во сопствените лаги. ДПМНЕ нема собрани валидни потписи за Силјановска и кандидатурата ја поднесе со 40 тина потписи од пратеници. Како што ги лажираа, како што ги фалсификуваа анкетите така се обидоа да лажираат, да фалсификуваат и потписи. Фалсификатори не можат да донесат друго освен фалсификат, рече Ковачевски.
Анализирајте ги нивните носители на листи и тоа ќе ви каже сè. Сакаат на голема врата да ги вратат поданиците на Никола Груевски. Ништо не е променето во ВМРО-ДПМНЕ, тоа е истата партија која не може да донесе никаква промена, дециден беше Ковачевски.
-Тоа се докажа и на последните локални избори. Ветуваа се и сешто, чуда ветуваа. Самиот Мицкоски најавуваше не знам колку еко-автобуси во Скопје. И што направија нивните градоначалници? На што личи денеска нашиот главен град? На што личат другите општини управувани од ДПМНЕ?, рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски.