Saturday, March 15, 2025
25.8 C
Skopje

КОВАЧЕВСКИ : НЕМА ОТКАЖУВАЊЕ, ЕВРОПСКА МАКЕДОНИЈА ЌЕ БИДЕ РЕАЛНОСТ!

Одиме на победа! Со Стево, со вас и со мене, во 2028 година Македонија ќе ги заврши преговорите со ЕУ и сите вие овде ќе бидете горди што се биле дел од патот на Македонија кон поправедна, побогата, подемократска европска држава, рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на денешната Конвенција на претседателскиот кандидат Стево Пендаровски во Скопје.

Ковачевски ги повика граѓаните да излезат на изборите и да го поддржат претседателот Стево и Коалицијата за европска иднина.

-Почитувани граѓани од сите делови на Македонија. Вечерва, тука од Скопје, ве повикувам сите да го поддржиме нашиот претседател Стево во првиот круг на 24 април и да покажеме дека Македонија сака лидер кој верува во европските вредности и во прогресивната иднина.  А на 8-ми мај да ја прогласиме конечната победа за европска Македонија – победата на Стево Пендаровски, нашиот претседател, и победата на Коалицијата за европска иднина. Единствениот пат кој води од тука е до победа! Одиме на победа!  Нема застанување додека не ја направиме Македонија дел од Европа. Нема откажување додека Европа не ја донесеме во Македонија!  Нема откажување од иднината, рече Ковачевски.

Вечерва со нас се нашите коалициски партнери кои ги споделуваат вредностите за економски напредок, слобода, правда, солидарност и еднаквост, сите тие застануваат и зад кандидатурата на Пендаровски, бидејќи знаат дека го имаме најдобриот кандидат за претседател, посочи претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски во обраќањето.

ОВАА НЕДЕЛА

ВО ГОЛЕМА ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА РАЗБИЕНА Е ПОГОЛЕМА ГРУПА, УАПСЕНИ 23 ЛИЦА

По повеќемесечна предистражна постапка, денеска под координација на јавен...

МАЖ И ЖЕНА ОД ПРИЛЕП ОГРАБЕНИ ЗА 15 000 ЕВРА, ИЗМАМНИЦИТЕ ИМ ГИ ЗЛОУПОТРЕБИЛЕ ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

Непознати измамници убедиле брачна двојка од Прилеп да симнат...

ПЕТРУШЕВСКИ: НАРОДОТ НА МИНИМАЛЕЦ, А СЛОБОДАН ТРЕНДАФИЛОВ СИНДИКАЛЕЦОТ НА БАТЕРИИ ОД СДС И ЛЕВИЦА СО ПЛАТА ОД 75.000 ДЕНАРИ

Прес-конференција на Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. Почитувани, Почнуваме со демаскирање...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ