КОВАЧЕВСКИ : НЕМА ДА ИМА ПОВЕЌЕ ТРОШЕЊЕ 20.000 ЕВРА ЗА МОРСКА ХРАНА И ЛЕШНИЦИ ВО БИФЕАТА, ТОА БЕШЕ РАМКОВЕН ДОГОВОР ШТО ЗНАЧИ ТАА ХРАНА ЌЕ СЕ ЗАБРАНИ А СРЕДСТВАТА ЌЕ ОДАТ КАЈ ГРАЃАНИТЕ ЗА РАНЛИВИ КАТЕГОРИИ

0
284

Премиерот Димитар Ковачевски на денешната вонредна прес-конференција беше прашан од страна на новинарите и за потрошените  20.000 евра за морски плодови.

„Се работи за рамковен договор. Тука влегуваат и Кабинетот на претседателот на државата и Кабинетот на претседателот на Собранието. Се тоа оди преку Службата за заеднички работи.

Донесовме одлука дека ќе има забрана за морска храна и за лешници во бифеата и тие средства ќе бидат пренаменети за ранливите категории на граѓани“, вели Ковачевски.