КОВАЧЕВСКИ НА СРЕДБА СО ШПАНСКИОТ ПРЕМИЕР САНЧЕЗ : СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ЕДИНСТВЕНО СО СДСМ ИМА ИЗВЕСНА ЕВРОПСКА ИДНИНА

0
245

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ), Димитар Ковачевски на вториот ден од посета на Рим, Италија, по повод учеството на Изборниот конгрес на ПЕС, оствари средба со лидерот на  шпанската социјалистичка работничка партија (ПСОЕ) и премиер на Кралството Шпанија, Педро Санчез.

На средбата,  присуствуваа и Бојан Маричиќ, секретар за меѓународна соработка и прв заменик на претседателот на Владата на Република Северна Македонија како и Бисера Костадиновска – Стојчевска, потпретседателка на СДСМ и министерка за култура.

Соговорниците ја потврдија важноста од негување на социјалдемократските вредности како темел на демократските општества, кои придонесуваат во економскиот и социјален развој на европскиот континент.

На средбата беше потенцирано дека социјалдемократските прогресивни политики треба да продолжат и понатаму, земајќи го предвид претстојниот изборен период во Северна Макеоднија и во Европската Унија. Ковачевски на средбата истакна дека само со СДСМ, Северна Македонија има јасна перспектива за европска интеграција, односно на воведување на европски стандарди и вредности.

На средбата Ковачевски истакна дека со Владата на СДСМ, во Северна Македонија се зацврсти демократијата, владеењето на правото, дека се постигна напредок во реформата на правосудниот систем и се разви цврста пазарна економија. Претседателот на СДСМ Ковачевски, на средбата посочи дека директен резултат на овие политики на СДСМ, беше исполнувањето на стратегиската цел членство во НАТО, како и започнувањето на преговорите со ЕУ. Ковачевски потврди дека со таквите политики државата покажа дека е на страната на мирот, стабилноста, добрососедските односи и економски раст и развој на државата. Ваквата политика на СДСМ обезбеди подобар живот за сите граѓани во државата,истакна Ковачевски на средбата.

Лидерот на шпанска социјалистичка работничка партија (ПСОЕ), и премиер на Шпанија Педро Санчез, на средбата оцени дека отворањето на преговорите со ЕУ е од големо значење не само за реформските процеси во државата, туку е важно и за актуелните геополитички и безбедносни околности во регионот и во Европа. Санчез ја поздрави конструктивноста во партнерството на Северна Македонија со ЕУ во предизвиците предизвикани од воената агресија врз Украина.