КОВАЧЕВСКИ НА СРЕДБА СО ПОТСЕКРЕТАРОТ ЗА ТЕРОРИЗАМ И ФИНАНСИСКО РАЗУЗНАВАЊЕ ВО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ НА САД, НЕЛСОН

0
212
Денеска престедателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски заедно со амбасадорката на САД Ангела Агелер, одржаа видео-конференција со потсекретарот за тероризам и финансиско разузнавање во Министерството за финансии на САД Брајан Нелсон.

На средбата се главен фокус беше ставен на актуелните меѓународни случувања, спречувањето и сузбивањето на перење пари.

Премиерот Ковачевски посочи дека борбата е заедничка и преку партнерскиот пристап помеѓу сите демократски меѓународни партнери, е насочена кон јакнење на отпорноста на нашето општество и целосно сузбивање на влијанието и обидите за дестабилизација.