КОВАЧЕВСКИ НА ЛИДЕРСКИОТ СОСТАНОК : ПЛАНОТ ЗА РАСТ ГО ОТВОРА ПАТОТ КОН ЕДИНСТВЕНИОТ ЕВРОПСКИ ПАЗАР, КОН ПРОСПЕРИТЕТ И ПОЛНОПРАВНО ЧЛЕНСТВО ВО ЕУ ДО 2030 ГОДИНА

0
256
Почитувани,
Претседатетелот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, се обрати на Лидерскиот состанок посветен на Планот за раст за Западен Балкан, усвоен од Евроската комисија.

Во продолжение е интегрален текст од обраќањето на премиерот Ковачевски, на состанокот:

„Почитувани екселенции, дами и господа, лидери на земјите од Западен Балкан,
Претседателе Александар Вучиќ,
Премиери и колеги, Еди Рама, Албин Курти и Милојко Спајиќ и Почитуван генерален директор Копман,
Почитуван помошник државен секретар О’Брајен,
Почитуван директор Маковец,

Почитувани високи претставници на клучните партнерски институции и пријатели на нашиот регион,

Дами и господа,
Ви посакувам топло добредојде во Скопје и ви благодарам што ни се приклучивте на оваа Конференција насловена: Планот за раст за Западен Балкан, усвоен од Европската Унија.

Пред два месеци министрите за финансии и главните преговарачи за ЕУ имаа средба исто така во Скопје за детално да разговараат за Планот за раст на ЕУ усвоен за Западен Балкан.

Тој план претставува повеќестран инструмент ги надминува економските стратегии. Тој претставува реална движечка сила и го осветлува патот кон меѓуповрзана и просперитетна иднина на Западен Балкан, бидејќи се стреми кон заедништво со Европското семејство. Овде би сакал да им се заблагодарам на вицепремиерот Маричиќ и на министерот за финансии Бесими што ја организираа и што беа домаќини на дискусијата затоа што тогаш се покренаа многу активности и планови што ќе постават нова динамика во спроведувањето на инструментот.

Денес ја креваме таа суштинска дискусија на ниво на лидери. Жал ми е што премиерката на Бих, Борјана Кришто, денес не можеше да ни се придружи лично, бидејќи е домаќин на претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лејен. Таа ќе ни се приклучи преку видео порака во текот на денот.
Би сакал да ја искористам оваа прилика да се заблагодарам на Генералниот директор Копман кој ја согледа важноста од спојувањето на материјалните резултати, испорачаните работи и реформите со нашиот процес на преговори. Овој докажан пристап се покажал како ефективен во минатото и денес само го надградуваме тој успех.
Исто така, оддавајќи признание за стратешкото партнерство што САД го има со ЕУ, би сакал да се заблагодарам и на помошник државниот секретар О’Брајен за неговата непрекината поддршка и за тоа што се наш сигурен сојузник. Неговиот постојан влог на нашиот европски пат придонесува кон нашата заедничка цел насочена кон унапредување на мирот и стабилноста во свет оптоварен со конфликти.

Драги пријатели,

Планот за раст за Западен Балкан е вистински приказ за нашата филозофија „амбицијата заедно со дејствувањето!”

Овој инструмент за нас е момент на пробив. Нема да навлегувам во техничкиот дел од овој план, но со цел да ја илустрирам важната улога на планот, дозволете ми накусо да ги споделам моите перспективи за иновативните и значителните придобивки што земјите од Западен Балкан ќе ги добијат преку спроведувањето на овој план.

Во контекст на ЕУ аспирациите, Планот за раст претставува моќен симбол за непоколебливата посветеност на реформите на Западен Балкан. Исто така претставува решителен чекор за трансформација, усогласување на националните економии со високите стандарди на земјите- членки на ЕУ. Оваа посветеност не е само декларативна; тоа е ветување, зацврстено со значителна финансиска поддршка во форма на грантови и меки заеми.

Со Планот за раст, земјите од Западен Балкан ќе ги забрза фундаменталните реформи, создавајќи притоа врска меѓу заедничкиот регионален пазар. Во тој процес, пристапот до дополнителна финансиска помош станува клучен елемент. Инструментот за реформи и раст во овој случај дејствува како финансиски столб со кој се поддржуваат реформите, додека истовремено се воспоставува сеопфатна структура што е подготвена за европска интеграција.

Во таа насока, го гледам планот за раст на ЕУ како олеснувач кој го отвора патот кон европскиот единствен пазар и кон слободниот проток на стоки, услуги, капитал и луѓе. Оваа структурирана рамка, засилена со финансиска поддршка, станува клуч за беспрекорна интеграција.  Таа го охрабрува усвојувањето на регулативите и стандардите на ЕУ, промовирајќи интеграција и во регионот и во ЕУ. Оваа стратегија за двојна интеграција не само што го забрзува пристапниот процес кон ЕУ, туку носи и брзи придобивки, како што се зголемена трговија и инвестиции, подобрена конкурентност и подобрена регионална поврзаност. Тој претставува мост кој ги поврзува аспирациите со реалноста.

Тука би сакал накусо да позборувам и за Заедничкиот регионален пазар како еден од столбовите на Планот за раст. Воспоставувањето на Заедничкиот регионален пазар е од витално значење поради две причини. Прво, игра клучна улога во ослободувањето на економскиот потенцијал на регионот, отворањето на вратите за локалните бизниси и работниците, како и во тоа да го направи попривлечен регионот за европските инвеститори.

Второ, овој пазар е исчекор кон единствениот пазар на ЕУ, затоа што ги прифаќа и применува стандардите на ЕУ. Со тоа, битно е да се потенцираат неколку битни области на кои треба да им обрнеме внимание и да ги забрзаме. Тие вклучуваат олеснување на трговијата, намалување на нетарифните мерки, отворање на услужниот сектор, особено електронската трговија, и олеснување на движењето на работниците преку взаемно признавање на квалификациите.

Усогласувањето и можната интеграција на Единствениот пазар нуди големи можности за економски раст, иновација и зголемена конкурентност. Не само што го поттикнува економскиот развој, туку обезбедува и политичка стабилност, затоа што ги усогласува нашите земји со демократските вредности и заедничките принципи на добро владеење. Затоа, тоа е повеќе од само пристап до пазарот, а придобивките не се само економски; тие се и зацврстување на дипломатските врски, поттикнување регионална стабилност и обезбедување поветувачки изгледи за Западен Балкан во ЕУ.

https://www.youtube.com/live/DMmrhEyYqLU?si=41FLRriNTFvITk4n

Со оглед на тоа дека ние бевме прва земја што ја потпиша Спогодбата за стабилизација и асоцијација, Северна Македонија покажа неверојатна посветеност во изминативе три децении преку фактот дека постигна усогласување  на националното законодавство со она на ЕУ. Степенот на усогласеност достигна 50%, а во некои поглавја и повеќе, што е одлична основа за натамошна хармонизација, особено во седумте приоритетни области на европскиот заеднички пазар.

Спроведувањето на реформите онакво какво што го знаеме е предуслов за финансиска поддршка според Планот за раст. Исто така е клучно за градењето отпорна економија и напреден пазарен механизам на патот на Северна Македонија кон ЕУ.

Од друга страна, пристапниот процес е нешто повеќе од административни и владини процедури. Тоа е сеопфатно патување на трансформација кое ги вклучува сите аспекти на општеството. Согледувајќи го ова, ние инициравме проактивни мерки во соработка со стопанските комори за да ја забрзаме нашата интеграција на заедничкиот пазар на ЕУ. Препознавајќи ја нивната експертиза, ние баравме да идентификуваме области за забрзана интеграција. Одлуката да се воспостави структура за преговори со која се потенцира клучната улога за стопанските комори како значајни партнери во поширокиот процес на преговори.

Пред крај, би сакал да го изразам моето задоволство што на крајот на оваа конференција ние ќе донесеме Заедничка изјава од лидерите во која ќе ја подвлечеме важноста од регионалната соработка и стратешкиот сојуз меѓу нашите држави, на нашите поединечни патишта кон заедничката цел – полноправно членство на Западен Балкан во Европската Унија.

Би сакал да ја повторам посветеноста на нашата Влада кон начелата кои го поткрепуваат Планот за раст со зацврстување на колективната решителност да напредуваме кон трансформативното патување на Северна Македонија кон нејзино полноправно членство во семејството на ЕУ до 2030 година.“