КОВАЧЕВСКИ : МИЦКОСКИ Е СЛАБ, БЕЗ СТАВ И ВИЗИЈА

0
520
Низа критики кон лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски упати денеска премиерот Димитар Ковачевски на граѓанската трибина во Гостивар. Тој рече дека Мицкоски признава дека неговата партија има континуитет на луѓе кои биле извршители на Третиот Рајх, кои го негираат македонскиот идентитет и се идеолошки поклоници на фашизмот.

„Мицкоски е слаб, без став, без визија. А човек без став, визија и без одлучност лесно може да биде земен во заложништво. Токму тоа се случува во моментов во македонската опозиција. Имаме идеолошко обезличување на ВМРО-ДПМНЕ, дејствување без компас со единствена цел, да и се наштети на земјата.

Па гледајте какво јавно признание има од Мицкоски кој рече дека ВМРО-ДПМНЕ е континуитет на Ванчо Михајлов“, истакна Ковачевски.