КОВАЧЕВСКИ И МИЦКОВСКИ СЕ СЛУШНАЛЕ ТЕЛЕФОНСКИ, ДОГОВОРИЛЕ НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ ДА ИМААТ ПРВА СРЕДБА

0
251

Утрово премиерот на Макеоднија Димитар Ковачевски телефонски разговарал со лидерот на најголемата опозициска партија, Христијан Мицкоски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Се договоривме во наредниот период да организираме средба. Таа средба можеше да се случи и порано, меѓутоа поради презафатената агенда навистина во Владата како и поради тоа што двајцата секретари на СДСМ беа во изолација заради инфекција со вирусот, денеска почнавме со организација на таа средба и ќе се случи многу наскоро, бидејќи природно и нормално е двете најголеми партии да комуницираат меѓу себе“, рече Ковачевски во интервју за МРТВ.