КОВАЧЕВСКИ : ИМАМЕ ВИЗИЈА И ЈАСЕН ПЛАН ДА ЈА ВНЕСЕМЕ МАКЕДОНИЈА ВО ЕУ

0
79
Ние имаме визија за иднината, ние имаме волја, знаење, храброст, имаме план како да ја внесеме државата во ЕУ до 2030 година, заедно со нашиот претседател Стево Пендаровски – порача претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на денешниот граѓански собир на кандидатот за претседател, Стево Пендаровски
Тоа е почитувани и клучното прашање на овие избори. Кој има план за иднината, а кој нема никаков план? Кој е за членство во ЕУ а кој е проив ЕУ? Тоа е изборот пред граѓаните. Надеж за подобра европска иднина со СДСМ, соСтево Пендаровски или безнадежност и враќање назад со ВМРО –  ДПМНЕ и Гордана Силјановска Давкова. Тоа е јасно како ден. – рече Ковачевски
Ние покажавме храброст и државнички капацитет. Тие покажаа кукавичлук и неодоговорност кон најважаното – иднината на државата. Ние носевме одлуки за подобро утре за сите наши граѓани – тие блокираа. Иако беше многу тешко, успеавме да ги отпочнеме преговорите со ЕУ, успеавме да испреговараме рамка во која имаме заштитен македонски јазик, идентитет и култура. – посочи Ковачевски
Работевме во услови на најголема економска и енергетска криза. И како вистински социјалдемократи никого не оставивме сaм. Силно ги поддржавме граѓаните и компаниите во време на повеќе кризи со 2,6 милијарди евра. Ги зголемивме платите и пензиите на историски највисоко ниво досега. Но јас знам дека се уште е тешко. Но колку и да е тешко, ние имаме волја да работиме. Колку и да е тешко сепак постои начин, постои вистинска шанса за драстична и стуштинска промена. – беше дециден Ковачевски
Ние веќе покажавме дека кога ќе ветиме зголемување на платите и на пензиите, тоа и го правиме. Но потребна ни е европскиот стандард на живот за да им овозможиме на нашите деца и внуци да ги живеат своите соништа тука, во Македонија. – рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на денешниот граѓански собир на кандидатот за претседател, Стево Пендаровски