КОВАЧЕВСКИ : ИДЕОЛОШКИ ТАТКО НА ЛЕФКОВ МУ Е ЗАЕВ, НО И БУЧКОВСКИ И ШЕКЕРИНСКА, БИЛ ЧЛЕН НА СДСМ ДО ВЧЕРА А СЕГА СЕ ПРАВИ ПОГОЛЕМ ВМРОВЕЦ ОД ВМРОВЦИТЕ

0
543
  • Жестоки критики кон ВМРО-ДПМНЕ упати денеска премиерот на Македонија, Димитар Ковачевски од седницата за пратенички прашања од Собранието.
    Особено на удар беше пратеникот Миле Лефков, за кој Ковачевски кажа дека се прави поголем вмровец од вмровците.

    „Идеолошки татко на Лефков му е Заев, но и Бучковски и Шекеринска. Тој се прави поголем вмровец од вмровците. За се што најавивте дека ќе се случи, се испостави дека е лага. Лажевте дека ќе има поскапа струја, не се случи тоа. Лажевте дека ќе има поскапа нафта, не се случи тоа. За се излажавте“, рече Ковачевски.