КОВАЧЕВСКИ ЗА 360 СТЕПЕНИ : АНТИЕВРОПСКА Е КОАЛИЦИЈАТА НА ДПМНЕ И ЛЕВИЦА

0
347
Претседателот на СДСМ и премиер, Димитар Ковачевски, во вечерашната емисија „360 степени“ на МРТ 1 говореше и за евро-интегративниот процес на Северна Македонија.
-Минатата година колку пати ме прашуваа дали ќе добиеме преговарачка рамка и сите беа скептици дека ќе добиеме. Јас велев дека верувам во остварување на целта и направив таа цел да се оствари. И ние добивме преговарачка рамка. Направивме успешен скрининг процес кој што завршува идната недела е европскиот совет. Заклучоците на европскиот совет ќе бидат дека Северна Македонија направи успешен скрининг и останува да ги направи уставните измени кои се обврска во преговарачката рамка и да продолжиме со отворањето на поглавјата., рече Ковачевски.
Претседателот Ковачевски истакна дека она што ни се случуваше пред падот на режимот, кога чекавме 10 години за земјата да направи каков било исчекор во евроинтеграциите, нема да се повтори затоа што ќе победи проевропската коалиција и земјата нема повторно да чека 10 години за да ја оствари стратешката цел.
-Од другата страна имате антиевропска коалиција ВМРО-ДПМНЕ, Левица и уште некои партии веројатно кои не се за европска интеграција на државата, посочи претседателот Ковачевски, осврнувајќи се на позициите кои ги имаат опозициските партии кои активно ги блокираат евроинтеграциите и одлуките врзани со уставните измени.
Говорејќи за проевропската коалиција предводена од СДСМ, претседателот Ковачевски во интервјуто за „360“ на МРТ1, посочи дека овој состав кој што го има сега во коалицијата, делат исти вредности, и се залагаат за европска интеграција на државата и подобар живот за граѓаните.