КОВАЧЕВСКИ ЗА СЛОБОДЕН ПЕЧАТ : ВМРО-ДПМНЕ НЕМААТ КОНКРЕТЕН ПЛАН, СВЕТСКИ ФЕНОМЕН СЕ ВО НЕМАЊЕ СТАВ

0
247
ВМРО-ДПМНЕ нема конкретен план, светски феномен се на партија која нема став и за жал гледаме дека тоа е истата партија која се нема поместено ниту милиметар од она што граѓаните го паметат во нивното 11 годишно владеење, вели претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски во интервју за Слободен печат.
-Доволно е да се навратиме само во изминатите 2 години. Спроведуваа активна блокада во македонското Собрание и блокираа помош за граѓаните во време на криза. Го блокираат европскиот пат а не кажуваат која е алтернативата. Велеа дека ќе се случела асимилација и бугаризација, а ниту излегоа пред граѓаните да им се извинат за лагите ниту пак гласаа за договорот Фронтекст со којшто македонскиот јазик го етаблиравме во ЕУ. Немаа и се уште немаат став за ниту едно важно прашање. Светски феномени по немање став.  Партија која во 21 век се уште говори за хорор, влечење за коси, која јавно кажува дека со нив нема ЕУ ниту за 100 години.  Доволно е да се погледне во каква очајна состојба го доведоа главниот град Скопје, да се види дека градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ немаат реализирано ниту еден проект за 2 години и тој е заклучокот. Се е исто во белиот дворец, тоа е истата антиевропска матрица, вели Ковачевски.
Кога работиме за членство во ЕУ ние работиме за подобрување на животниот стандард на сите наши граѓани, на европски стандарди за живот. А ДПМНЕ нема политичка волја за продолжување на евроинтеграциите, тоа значи немаат план за иднината, додава Ковачевски.
-Нашите граѓани многу добро знаат дека натамошно блокирање или прекин на преговорите со ЕУ значи намалување на економскиот раст и платите, зголемување на инфлацијата, загрозување на стратешките интереси и нарушување на меѓуетничката кохезија. ВМРО-ДПМНЕ нема план, ниту политичка волја за продолжување на евроинтеграциите а тоа значи дека немаат план за иднината. Со нив нема економски раст, нема зголемување на платите. Тоа изборот пред граѓаните и затоа сум убеден во победа на европскиот фронт без разлика на формата, вели претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски во интервјуто за Слободен печат.