КОВАЧЕВСКИ ЗА ОЧЕКУВАНАТА СРЕДБА СО МИЦКОСКИ : МНОГУ РАБОТИ МОЖЕ И ТЕЛЕФОНСКИ ДА СЕ ЗАВРШАТ

0
263

Премиерот Димитар Ковачевски вели дека на крајот на идната недела, согласно законските рокови, ќе се одвива процедурата за избор на техничката влада.
Ковачевски вели дека е во комуникација со лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, а на новинарско прашање дали ќе има лидерска средба одговори: „не мора сите средби да бидат во сали за состаноци, многу работи може и на телефон да се завршат“.

„Комуникација имаме. Ние сме луѓе кои се познаваме, имаме заеднички пријатели, водиме две политички партии кои се најголеми во државата и сметам дека има работи што може на таков начин да се направат, а кои се од техничка природа – предлагање министри во техничка влада, договарање на термините кои, исто така, се законски пропишани“, рече денеска Ковачевски прашан кога ќе ја поднесе оставката со оглед дека техничката влада треба да биде формирана за десетина дена.