КОВАЧЕВСКИ ЗА ЛОКАЛНО : НА ГРАЃАНИТЕ ИМ ТРЕБА ПРЕТСЕДАТЕЛ СО ВИЗИЈА ЗА СИГУРНА, БЕЗБЕДНА И ЕВРОПСКА ИДНИНА А НЕ КОЧНИЧАР

0
195
На државата ѝ на граѓаните им треба претседател со јасна визија за сигурна, безбедна и извесна европска иднина, човек кој не дели туку обединува, граѓаните не заслужуваат претседател – кочничар, вели во интервју за „Локално“ претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски.
-Не само затоа што целосно заокружување на полноправно членство во ЕУ значи реализација на стратешкиот државен интерес, поставен од независноста. Не само затоа што тоа е мнозинска волја на македонските граѓани. Пред сѐ и над сѐ затоа што тоа значи поголеми плати, подобро платени работни места, поголем животен стандард и целосна трансформација на институционалниот систем кон подобро, наведува претседателот Ковачевски.
СДСМ како државотворна партија, заедно со проевропските политички субјекти, како и секогаш – и овојпат ќе биде на висина на задачата и ќе одговориме и на оваа потреба на граѓаните и на државата, додава тој.
-Ќе предложиме проевропски кандидат за претседател на државата, близок до граѓаните, прифатен од граѓаните, чесен, доверлив и докажан поддржувач на демократските процеси и на политиките на меѓународната демократска јавност, што е посебно важно во актуелниот геополитички контест. Тоа ќе биде идниот претседател на државата предложен од СДСМ, со докажан личен интегритет, стручен и достоен за оваа важна висока државничка позиција. Проеропски претседател кој ќе биде ветар во грбот на новата проевропска Влада предводена од СДСМ, којашто во динамичен процес, за неколку години ќе ја внесе државата во ЕУ, вели Ковачевски.
Граѓаните не заслужуваат претседател-кочничар, тоа би значело повторна изолација и неизвесност на земјата, од што изминативе неколку години едвај ја извлековме потенцира Ковачевски.
-Денес кога Република Северна Македонија е полноправна членка во НАТО, во силно стратешко партнерство со САД, држава со започнати преговори со Европската Унија и пред најреалната шанса досега да го оставри полноправното членство во ЕУ, по членството во НАТО, граѓаните не заслужуваат претседател – кочничар на унапредувањето на животот во родната земја и на европските перспективи, не заслужуваат човек кој со погрешни чекори и политики може да го загрози напредокот и позицијата на земјата како доверлив партнер и сојузник на САД, ЕУ и НАТО. Тоа би значело повторна изолација и неизвесност на земјата, од што изминативе неколку години едвај ја извлековме. Република Северна Македонија продолжува напред во европското семејство на народи и држави со проевропски претседател на сите граѓани, наведува претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски во интервју за „Локално“.