КОВАЧЕВСКИ ЗА КАНАЛ 5 : ПРОПАДНАА ЛАГИТЕ НА ВМРО-ДПМНЕ ЗА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК И ИДЕНТИТЕТ, СИТЕ ДА СЕ ВКЛУЧАТ ВО ПРОЦЕСОТ НА ИНТЕГРАЦИЈА ВО ЕУ

0
781

Избори нема да има, референдум нема да има што се однесува до Владата и мене бидејќи ние веќе имаме одлука од Собранието и веќе имаме отпочнат процес и тоа е процес кој треба да го водат експерти којшто треба да биде високо инклузивен, порача претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски во интервју за Вестите на Телевизија Канал 5.

Претседателот Ковачевски посочи дека преговорите со ЕУ веќе се започнати и дека сега не е потребно никакво референдумско прашање, а барањето за референдум е само за внатрешна употреба во ВМРО-ДПМНЕ.

“Јас сум претседател на политичка партија која ги донела сите државнотворни одлуки за оваа држава. Во моментов проблемот е во пристапот и пред се мислам на опозицијата бидејќи сметам дека ВМРО – ДПМНЕ како една од првите партии во РМ во тоа време и како најголема опозициска партија сметам дека е погрешно како свој главен конкурент во моментов ја гледа Левица. Ај што се гледаат како конкуренти туку и функционираат како коалиција, во ноември гледаа заедно и Влада да прават. Не личи таква конзервативна партија да биде против ЕУ и својата политика да ја базира на национализам. Овие барања се барања како резултат на таква политика и како резултат на таква борба на крајната десница во државата. Јас сметам дека ние во моментов треба да разговараме како треба да изгледаат преговарачките тимови, како поефикасно да функционира собранието, доста беа блокади, доста беше бојкотирање во Собранието.“ порача Ковачевски.

Ковачевски истакна дека сега кога пропаднаа сите лаги на ВМРО-ДПМНЕ за македонскиот јазик и идентитет, за наводна асимилација и бугаризација, треба сите да се посветат на процесот на преговори со ЕУ.

„Од сите нас, колку што сме во оваа држава зависи колку брзо ќе одиме напред и колку побрзо ќе станеме членка на ЕУ. Имаме време, еве опозицијата и сите граѓани се убедија во исправноста на тоа што го зборувавме дека имаме чист македонски јазик во преговарачката рамка. Дека имаме заштитен македонски идентитет по сите основи во ЕУ, дека историските прашања се дел од работата на историската комисија а не дел од скрининг процесот во ЕУ. Тоа го потврдија и од ЕК и членовите од историската комисија кои не се дел од преговарачките тимови со ЕУ. Јас верувам дека со текот на времето се поголем број на граѓани и тука мислам на оние кои веруваат во европската идеја, кои што веруваат во просперитетна и напредна држава ќе се приклучат на овој процес на преговори со ЕУ. Од тој процес нема назад. 11 години оваа држава беше држена во заложништво. 11 години некој креираше само споменици во центарот на Скопје. 11 години некој се обидуваше да не раскара со соседите. 11 години бевме скарани внатре, тоа денес го немаме.“ заклучи Ковачевски.